Дома Трансфер зона Ливерпул се распрашувал за Сусо, „росонерите“ со јасен одговор!

Ливерпул се распрашувал за Сусо, „росонерите“ со јасен одговор!

Една од опциите за замена за Кутињо наводно во Ливерпул е Шпанецот кој беше избркан од „Енфилд“, но сега би можеле да платат и 30 пати поголема сума од онаа за која тој замина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во потрагата за наследник на Фелипе Кутињо како едно од потенцијалните решенија во медиумите се споменуваше и името на офанзивецот од Милан, Сусо кој пред четири години буквално беше избркан од „Енфилд“.

Милан тогаш плати 1.3 милион евра за неговиот потпис, а сега би можел да заработи и 30 пати повеќе.

Дека нешто навистина се случува потврдува и соопштението од „росонерите“ кое се појави на нивниот официјален сајт, но и кое сигурно не ги израдувало „црвените“.

„Минатото лето бевме прилично јасно по повод продажбата на Сусо и во септември го продолживме договорот. Тој не е на продажба и нема да замине ниту за 80 милиони евра“, гласеше соопштението од „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…