Дома Фудбал Ливерпул сака засилување од Лил: Џонатан Дејвид на радарот на Клоп

Ливерпул сака засилување од Лил: Џонатан Дејвид на радарот на Клоп

Тимот на Ливерпул е заинтересиран во своите редови да го доведе Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.

Според информациите Клоп сака да го види канадскиот интернационалец на „Енфилд Роуд“ и клубот наскоро се очекува да испрати официјална понуда.

Во минатата сезона Лил направи големо изненадување и ја освои титулата пред ПСЖ. Клубот и покрај тоа се најде во финансиски проблеми, веќе ги продаде Мањан и Сумаре, а сигурно дека ќе се разгледуваат и понудите за Дејвид.

До крајот на преодниот рок има време, останува да видиме дали на Клоп ќе му се оствари желбата да го има во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

51 исклучување во Бразил: По голот полетаа столови и медицински носилки!

Младинското полуфинале меѓу Уберландија и Маморе заврши со масовна тепачка, полициска инте…