Ливерпул почна преговори со спортскиот директор на Монако, Пол Мичел за да ја преземе истата позиција на „Енфилд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мичел има голема репутација во европскиот фудбал и тој во минатото работеше во Саутемптон, Тотенхем, Лајпциг пред да се пресели во Монако.
Тој сака да ја промени средината на крајот на сезоната, а Ливерпул покажува најсериозен интерес.
Ливерпул е во потрага по спортски директор, откако во ноември Џулијан Вуд овјави дека на лето ќе го напушти клубот.
Според последните информации Ливерпул и Мичел почнале преговори и се блиску до договор.