Јирген Клоп заедно со управата на Ливерпул подготвува понуда за доведување на играч за врска во своите редови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, играчот за врска на ПСЖ, Јулијан Дракслер би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Дракслер често е во втор план поради големата конкуренција во тимот, запиша само 17 настапи оваа сезона, иако е платен 42 милиони евра во јануари 2017. година.
Сепак, и покрај тие 17 настапи, тој постигна 4 погодоци и запиша 6 асистенции.
Ливерпул како што се наведува е заинтересиран, Билд пишува дека е подготвена и понуда од 50 милиони евра и дека повеќе од тоа Јирген Клоп не е подготвен да понуди.