Дома Трансфер зона Ливерпул испрати понуда за талентот на Спортинг

Ливерпул испрати понуда за талентот на Спортинг

Португалскиот „Рекорд“ пренесува вест дека Ливерпул покажал интерес за младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул веќе го контактирал агентот Мигел Пињо и ја презентирал првата понуда, а од Спортинг добил јасен одговор.

Мендеш во неговиот договор има откупна клазула од 45 милиони евра и кој ќе сака да го доведе ќе мора да ја плати таа сума.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…