Eгипетскиот велемајстор Мохамед Салах е заслужен за најголемиот број на бодови кои Ливерпул ги освои оваа сезона, како и што „црвените“ се во добра позиција да се пласираат во финалето од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во првата сезона во дресот на Ливерпул, Салах на 34 одиграни натпревари во Премиер лигата постигна 31 погодок и запиша 10 асистенции, а само од неговиот учинок тимот од „Енфилд“ освои 53 бодови.
Табелата која ја направи новинарот Ендрју Бесли ги смета само бодовите за кои е заслужен Египќанецот, па начинот го објасни со следните примери.
– Ако Ливерпул одиграл нерешено 2:2 и Салах постигнал еден гол, „црвените“ не би добиле ниту еден бод, туку крајниот резултат би се сметал 2:1.
– Ако Салах асистирал два пати и постигнал еден гол во победа од 5:3, Ливерпул би добил само еден бод
Неверојатниот Салах како што кажавме е заслужен за 53 бодови што спектакуларен учинок за било кој фудбалер.
Само со неговите голови и асистенции Ливерпул би бил седми на табелата и тоа е навистина неверојатно, па многумина Ливерпул го нарекоа „Салах ФК“.
