Дома Фудбал Англија Ливерпул збесна: Поради телевизијата Сити има подобар распоред!

Ливерпул збесна: Поради телевизијата Сити има подобар распоред!

Навивачите на Ливерпул „полудеа“ откако беше објавен распоредот на натпреварите за месец март во англиската Премиерлига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се појави распоредот за март месец, кој се прилагодува на телевизиските термини, па очигледно е дека тој му дава психолошка предност на Манчестер Сити.

Имено, Ливерпул сите свои натпревари во март ги игра после Манчестер Сити. Тоа е психолошка предност во трката за титулата, бидејќи „црвените“ цело време ќе го „бркаат“ Сити.

Во вкупно четири кола, кога многумина тврдат дека се решава титулата, зашто Ливерпул гостува кај Евертон, па го чека Тотенхем, „црвените“ ќе играат после „граѓаните“.

Навивачите на Ливерпул сметаат дека постои заговор против нивниот клуб, но едноставно мечевите се прилагодени на телевизиските термини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните се во нокаут, паднаа жестоки зборови по елиминацијата од СП

По болниот пораз на Англија од Аргентина, англискиот играч од средниот ред Џуд Белингам не…