Дома Трансфер зона Ливерпул го награди Лалана со нов договор!

Ливерпул го награди Лалана со нов договор!

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул оваа сезона, Адам Лалана потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот репрезентативец го продолжи договорот на три и пол години, а неделно ќе заработува фантастични 110.000 фунти.

Новиот договор и зголемувањето на платата се последица на одличните партии на Лалана оваа сезона, каде на 27 настапи постигна 5 гола и игра клучна улога во тимот на Клоп.

Лалана пристигна на „Енфилд“ во 2014 година од Саутемптон за 25 милиони фунти и во првите две сезони беше опоруван и критикуван од страна на навивачите.

„Трансферот во Ливерпул е голема работа, но потпишувањето нов договор покажува дека луѓето во клубот се задоволни од мене и сакаат да останам“, изјави Лалана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…