Дома Топ вести Ливерпул брза да го договори дефанзивецот на Лил

Ливерпул брза да го договори дефанзивецот на Лил

Ливерпул е во потрага по квалитетен стопер до крајот на преодниот рок, бидејќи „црвените“ имаат големи проблеми во одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу имиња се споменуваа како можни засилувања за „црвените“, а Ливерпул Ехо пренесува дека главен фаворит за доаѓање на Енфилд е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман.

Станува збор за играч кој има 21 година. Ги помина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020. година и уште во првата сезона е еден од клучните играчи на тимот.

Ливерпул ќе се обиде да го договори трансферот во следните два дена, но проблем е што Лил за неговата слобода бара 40 милиони евра. „Црвените“ ќе се обидат да ја намалат таа цена така што ќе вклучат многу бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…