Дома Фудбал Ливаковиќ со фантастична реакција спречи шок на Максимир. Погледнете ја одбраната

Ливаковиќ со фантастична реакција спречи шок на Максимир. Погледнете ја одбраната

Хрватска ја победи Ерменија со 1:0 во Максимир и како втора од групата Д директно се пласираше на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.

Стрелец на единствениот гол беше Анте Будимир во првото полувреме. Со оглед на тоа што Велс и Турција одиграа нерешено (1:1), Турција завршува на првото место во групата, Хрватска на второто место, а Велс на третото место оди во дополнителни квалификации.

Избраниците на Златко Далиќ можеа и поубедливо да слават. И покрај ова, голманот Доминик Ливаковиќ мораше да ја спасува во 30. минута.

Ерменците со убава акција по десната страна му сервираа прилика на Кам Ховханисјан. Тој тргна еден на еден со Ливаковиќ, кој со рефлексна реакција фантастично спречи водство на гостите. Одбраната на Ливаковиќ погледнете ја ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…