Дома Фудбал Останато ЛЕ: Бетис со цел плен се враќа од Рим, Алиоски го доби дуелот со Тричковски, Арсенал сигурен

ЛЕ: Бетис со цел плен се враќа од Рим, Алиоски го доби дуелот со Тричковски, Арсенал сигурен

По натпреварите од 18:45 (ТУКА), вечерва од 21:00 часот во Лигата на Европа како и вообичаено се одиграа уште осум средби.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Арсенал ја продолжи добрата форма и го совлада Бодо Глимт со 2:0. Победникот на средбата беше решен во првиот половина час кога Арсенал ги постигна двата гола. Прво Никетиа го отвори резултатот во 23. минута, за само пет минути подоцна Холдинг да зголеми на 2:0. Во вториот дел конечните 3:0 ги постави Виера.

Внимание привлекуваше и натпреварот помеѓу Рома и Бетис кој на крајот заврши со победа на гостите од Шпанија. Рома преку Дибала од пенал во 34. минута. Бетис изедначи на пет минути пред крајот на првиот дел преку Родригез. Победничкиот за шпанскиот претставник го постигне Енрике и тоа пред крајот на средбата во 88. минута. Треба да се спомене и дека во судиското продолжение црвен картон кај Рома заработи Заниоло.

За нас интересен беше дуелот и помеѓу Фенербахче и АЕК Ларнака затоа што играа тимовите на македонските интернационалци, Езгјан Алиоски и Иван Тричковски. Алиоски ги одигра комплетните 90 минути во победата на неговиот тим од 2:0, додека Тричковски кај АЕК доби шанса во последните десет минути од натпреварот. За Фенербахче гол постигна Батшуаи, а еден беше автогол.

Лига Европа 21:00

Арсенал – Бодо Глимт 3:0

Рома – Реал Бетис 1:1

Брага – Ројал Унион 1:2

Фенербахче – АЕЛ Ларнака 2:0

Фрајбург – Нант 2:0

Мјитиланд – Фејенорд 2:2

Олимпијакос – Карабах 0:3

Рен – Динамо Киев 2:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо доби понуда тешка 216 милиони

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Кристиано Роналд…