Дома Кошарка Лејкерси после 10 години во конференциско финале?

Лејкерси после 10 години во конференциско финале?

Еден од главните фаворити за титулата во НБА – Лос Анџелес Лејкерс го помина својот втор тест на патот до златото.

Леброн Џејмс и компанија го победија Хјустон Рокетс со 119:96 во петтиот натпревар од полуфиналната серија и продолжуваат во следната фаза по вкупен резултат 4-1 во победи.

Леброн и соиграчите по првата четвртина имаа +15 (35-20) и уште тогаш можеше да се претпостави кој ќе биде победник.

Во еден момент беше и +30 (101-71) на стартот на последната четвртина, по што без многу проблеми Лејкерс се избори за финале.

Џејмс повторно беше предводник и постигна 29 поени, 11 скокови и седум асистенции, а имаше поддршка од Кајл Кузма со 17 поени. Најдобар кај Хјустон беше Џејмс Харден со 30 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Волф ја реши драмата со ТФТ, Тиквеш ја прекина серијата порази

Тиквеш славеше со 77-74 во Кавадарци и по три порази повторно се радуваше во Суперлигата. …