Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси испуштија 23 поени предност, Голден Стејт не може без Кари, Дончиќ го водеше Далас до нов триумф 🎥

Лејкерси испуштија 23 поени предност, Голден Стејт не може без Кари, Дончиќ го водеше Далас до нов триумф 🎥

Уште една интересна вечер во НБА лигата е зад нас.


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



На Голден Стејт тешко му оди без Стеф Кари, Вориорсите беа поразени на петтиот од последните шест натпревари, овој пат Вашингтон беше подобар од нив со 123:115. Во отсуство на Кари се истакна Пул со 26 поени, Клеј Томпсон додаде 25, а Ендрју Вигинс 23 поени. Кај победниците најефикасен беше Кори Кисперт со 25 поени.

Дома против Јута Далас славеше со 114:100 и така се проби на четвртата позиција на Западот. До победата и овој пат беа предводени од Лука Дончиќ со 34 поени. Во редовите на Јута најдобар беше Руди Геј со 18 поени.

Вреди да се истакне и враќањето Њу Орлеанс против Лејкерси. Лејкерси имаа предност од 23 поени, но на крајот се радуваше Њу Орлеанс со резултат 116:108.

Феникс стигна до осмата победа во низа откако дома ја победи Филаделфија со 114:104. За Феникс ова беше осма последователна победа во НБА лигата.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њујорк 102:104, Бостон – Минесота 134:112, Вашингтон – Голден Стејт 123:115, Феникс – Филаделфија 114:104, Њу Орлеанс – Лејкерси 116:108, Бруклин – Шарлот 110:119, Далас – Јута 114:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал спреми 90 милиони за Леао

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Шпанските медиум…