Дома Фудбал Лесен тренинг за „Римската волчица“ (Видео)

Лесен тренинг за „Римската волчица“ (Видео)

Рома го отвори 15. коло во Серија А, со лесна победа против екипата на СПАЛ од Ферари, а новиот тим траеше само десет минути.

Имено, по десетина минути, и консултациите на ВАР системот, Фелипе беше исклучен, прво заработи жолт, а судијата Абисо виде дека е последен играч, па гостите останаа со десетмина на теренот.

Потоа се за брзо беше готово.

Ел Шарави му асистираше на Џеко кој ја погоди мрежата на Гомис. Пред тоа голманот на два патри ја спаси мрежата пред Босанецот и Ел Шарави.

СПАЛ даде гол од пенал по прекршокот на Манолас, Вивијано ја погоди пречката, но се поправи, па гостите стигнаа до утеха, не сметаа дека можат нешто да направат на „Олимпико“.

Едноставно Рома е пресилна за било кој состав, особено за тимот кој се бори за опстанок.

До крајот имаше шанда и Коларов, Рома промашуваше, но и размислуваше на мечот на пролет во ЛШ против Карабах.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…