Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Леонардо имал итен состанок со тренерот Маурисио Покетино во понеделникот вечерта.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Средбата се случила во хотелот каде живее Аргентинецот откако седна на клупата на ПСЖ на почетокот на јануари.
Леонардо сакал да дознае каква е ситуацијата со неговото поврзување со клупата на Манчестер Јунајтед, пренесува „Екип“.
„Црвените ѓаволи“ му врачија отказ на Солскјер и Покетино се важи за прв избор на раководството на клубот од „Олд Трафорд“.
Според „Екип“, Покетино на „прв поглед“ не изјавил желба веднаш да го напушти ПСЖ и да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, плановите на Аргентинецот сепак не се долгорочно поврзани со ПСЖ и тој е спремен на крајот на сезоната да се врати во Премиер лигата.