Дома Фудбал Англија Легендата на „Црвените ѓаволи“: Само еднаш во животот заплакав, беше посилно од мене

Легендата на „Црвените ѓаволи“: Само еднаш во животот заплакав, беше посилно од мене

0

Никогаш не сте го виделе расплакан, но легендарниот Рајан Гигс знаел некогаш да пушти солза.

Легендарниот Велшанец освои бројни титули во дресот на Манчестер Јунајтед, но најсреќен бил кога ја освоил Лигата на шампионите во 1999. година. Во култното финале Јунајтед тогаш, преку пресврт стигна до победата над Баерн со 2:1.

Таа ноќ, признава Гигс, на теренот на „Ноу Камп“ пуштил и по некоја солза од среќа.

„Ако зборуваме за најдобрите моменти во кариерата, за мене тоа беше финалето на ЛШ на „Ноу Камп“. Плачев. Тоа беше единствен пат кога заплакав, емоциите го направија своето“, истакна Гигс.

Тогаш Теди Шерингем и Оле Гунар Солскјаер во судиското надополнување ги постигнаа погодоците за голема победа на „Црвените ѓаволи“, а за антологиското финале и денес се зборува.

Гигс во кариерата играше само за Јунајтед и за црвениот дрес постигна 114 погодоци на 672 настапи, а последниот го запиша 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Англија

Проверете

И Меси има свој проблем со исхраната, на еден продукт не може да му одолее

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси призна дека често пати има проблем со …