Не стивнуваат критиките на сметка на француската репрезентација после серијата на лоши резултати, особено кон капитенот и прва ѕвезда Килијан Мбапе.
Фудбалерот на Реал Мадрид, пред мечот против Италија беше прашан каква реакција очекува од навивачите на „Паркот на принцовите“, а тој одговори дека не го интересира што мислат фановите.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ова го налути поранешниот репрезентативец и легенда на Франција, Биксант Лизаразу.
„Пресконференцијата на Мбапе ме изненади и ме засрами како Французин. Употребените зборови беа несоодветни. Тоа не се зборови кои ги употребува лидер, а уште помалку капитен.Не може да бидете бесчувствителни кон чувствата на навивачите за националниот тим. Не може да бидете безгрижни, мора да им дадете надеж, треба да ја сочувате емотивната врска меѓу националниот тим и публиката. Зборовите кои ги употреби се неадекватни“, изјави Лизаразу.