Дома Фудбал Репрезентации Лев го објави списокот и застана пред новинарите: Ова е некоја нова Германија!

Лев го објави списокот и застана пред новинарите: Ова е некоја нова Германија!

0
klop

Селекторот на репрезнетацијата на Германија, Јоаким Лев го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите против Србија и Холандија.

Германија на крајот на овој месец прво ќе одигра пријателски натпревар против Србија во Волсбург, а неколку дена подоцна ќе ги започна квалификациите во натпревар против Холандија.

Како и што најави Лев на списокот ги нема фудбалерите на Баерн Минхен: Матс Хумелс, Жером Боатенг и Томас Милер.

Од друга страна за прв пат во репрезентацијата повик добија: Лукас Клостерман (Салзбург), Никлас Стар (Херта) и Максимилијан Егестеин (Вердер).


Следете го Sportski.mk и на


Денес Клоп застана и пред новинарите.

„Ги ценам тие фудбалери и благодарен сум им. Одлуката за мене беше многу тешка, но поради доброто на репрезентацијата во иднина мораше да биде донесена. Сакам да им дадам на младите играчи поголема оговорност бидејќи знам дека поседуваме голем потенцијал“, изјави Лев, па објасни:

„Не се исфрлени од тимот, не направиле ништо лошо. Разговарав со нив во изминатите денови и бидете сигурни дека и понатаму постои меѓусебна почит. Ми кажаа дека ако некогаш повторно бидат потребни, ќе бидат на располагање, јас не можам да кажам што носи иднината“, порача селекторот на Германија.

Многумина сметаа дека покрај Боатенг, Хумелс и Милер, едноставно треба да се отпише и Мануел Ноер.

„Мануел Ноер се уште е број еден. Тоа нема да се промени. Марк Андре Тер Штеген ќе добие шанса, но Ноер е капитен и прв голман“, заврши Лев.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…