Дома Топ вести Леверкузен ја постави цената за Хаверц и ги шокира гигантите!

Леверкузен ја постави цената за Хаверц и ги шокира гигантите!

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми „фармацевтите“ веќе ја поставиле цената и ги шокирале заинтересираните клубови.

Имено, Баер за слободата на својот „бисер“ бара неверојатни 130 милиони евра, а за Хаверц интерес покажуваат  Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус, Барселона…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…