Дома Фудбал Германија Левандовски спремен да го тужи Баерн

Левандовски спремен да го тужи Баерн

Роберт Левандовски е решен во намерата да го напушти Баерн Минхен ова лето иако има уште една година од договорот.

Полскиот напаѓач изрази желба да се пресели во Барселона и нема да дозволи сегашниот клуб да ги блокира понудите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Полјакот веќе ги договорил сите услови со Каталонците, двегодишен договор со опција за продолжување на уште една и е одлучен во намерата да се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона спрема последна понуда од 35 милиони евра плус 5 милиони евра сигурни бонуси и очекува што побрзо да го реализира трансферот.

Германските медиуми тврдат дека Левандовски дури е спремен да тужи и да бара предвремен раскин на договорот доколку не му биде дозволен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Модриќ преживеа вистинска драма, клубот ги откажа сите активности пред дуелот со ПСЖ

Вистинска драма ја зафати фудбалската екипа на Реал Мадрид пред поаѓањето за Њу Јорк, каде…