Дома Топ вести Левандовски се огласи по повод поврзувањето со Реал Мадрид

Левандовски се огласи по повод поврзувањето со Реал Мадрид

Мадритските медиуми сметаат дека полскиот напаѓач, Роберт Левандовски е вистински избор за нападот на „кралевите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зимскиот преоден рок неодамна заврши, но шпекулациите веднаш се преселија кон летниот.

29 годишниот голгетер на Баерн, Роберт Левандовски многу пати до сега се поврзуваше со Реал Мадрид. Левандовски би бил идеален во обидот за „рестартирање“ на главната ѕвезда, Кристиано Роналдо, а заедно со Бејл би формирале ново трио „BLC“.

Сега за евентуалниот трансфер во Мадрид проговори самиот Левандовски.

„Тие шпекулации повеќе не ме интересираат. Секако дека ги слушнав, ги слушам секоја година“, изјави Левнадовски.

Како и да е, Левандовски сигурно уште многу ќе се поврзува со Реал Мадрид посебно поради тоа што Карим Бензема е во лоша форма и се наоѓа на излезни врати од „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…