Дома Фудбал Левандовски решил да го напушти Баерн уште минатата година

Левандовски решил да го напушти Баерн уште минатата година

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски донел одлука да го напушти клубот уште минатото лето, пренесува германски „Билд“.

Тогаш се појавија првите шпекулации дека баварскиот гигант сака да го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

„Ако шефот се обидува да ти најде замена, тогаш е подобро да си заминеш“, изјави Левандовски пред пријателите пренесува „Билд“.

Менаџерот на голгетерот, Пини Захави неодамна изјави дека иднината на Левандовски повеќе не е поврзана со Баерн Минхен.

Тој одби да го продолжи договорот со Баерн Минхен и веќе има договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…