Дома Фудбал Левандовски пристигна во Мајами и се сретна со новите соиграчи🎥

Левандовски пристигна во Мајами и се сретна со новите соиграчи🎥

Роберт Левандовски им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во САД, откако го комплетираше трансферот во Барселона.

Левандовски по осум години го напушти Минхен и потпиша четиригодишен договор со Барса. Тој пристигна во Мајами, каде што се сретна со неговите нови соиграчи на подготовките.

„Сакав да живеам на друго место, да откријам нешто ново со семејството. Ова беше можност што се случува еднаш во животот. Без разлика на годините, сѐ уште се чувствувам многу силно физички и психички, а на ист начин гледаше и Барселона“.

„Среќен сум што сум тука. Доаѓањето во Барселона беше лесна одлука. Барса се враќа. Мислам дека можам да му помогнам на тимот да се врати на врвот на Европа. Сакам да освојувам трофеи. Ова е ново поглавје за мене, нов предизвик”, истакна Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…