Полскиот напаѓач Роберт Левандовски после четири години би можел да ги напушти редовите на минхенски Баерн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот фудбалер изрази желба за заминување од редовите на баварскиот великан, а на адресата на неговиот менаџер стигнаа веќе две понуди.
Двоецот од Премиерлигата, Челси и Манчестер Јунајтед започнаа разговори со менаџерот околу потенцијален трансфер, но Лева има други планови.
Неговата желба е трансфер во Реал Мадрид. Тој очекува повик од Мадрид, но прашање е дали сега Лопетеги ќе го посакува во својот тим, иако претходните сезони константно се поврзуваше со премин на Сантијаго Бернабеу.
Сепак, извесно е дека Левандовски ќе го напушти Баерн. Очигледно е заситен од играњето во Бундеслигата и сака нови предизвици, а дали на крајот трансферот ќе се реализира, останува да видиме по завршувањето на СП.
Левандовски за четири години во дресот на Баерн постигна 151 погодок во 194 настапи.