Дома Топ вести Левандовски: Клоп ме праша да дојдам во Ливерпул, само се насмеав

Левандовски: Клоп ме праша да дојдам во Ливерпул, само се насмеав

Роберт Левандовски и оваа сезона игра во одлична форма.

34-годишниот полски напаѓач постигна 27 голови на 35 натпревари за Барселона која чекори кон нова титула во Шпанија. Во разговор за „Билд“ Левандовски откри дека додека бил во Баерн и Ливерпул се обидел да го доведе.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Се играше пријателски натпревар помеѓу Ливерпул и Баерн во 2017 година. Во таа прилика разговарав со Клоп. Тогаш ме праша: Зарем не би сакал да дојдеш во Ливерпул? Само го погледнав и се насмеав. Не знам дали беше сериозен, но заминување во Ливерпул никогаш не ми било во прв план“, изјави Левандовски.

Доби прашање полскиот голгетер и за сегашната ситуација во која отказ заработи Нагелсман.

„Не знам зошто го избркаа Нагелсман, играа добро во Лигата на шампионите. Во првенството не толку, но имаа реални шанси за освојување. Тухел? Станува збор за тактички одличен тренер кој може да им донесе трофеи“, смета Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се …