Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Левандовски и дружината паднаа пред Словачка🎥

Левандовски и дружината паднаа пред Словачка🎥

Репрезентацијата на Словачка го доби соседското дерби против Полска (2:1) во интересен натпревар од Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Полска во поголемиот дел од мечот беше подобар противник, сепак Левандовски и дружината со пораз го отворија ЕП.

Во 18-та минута Мак по една соло акција шутираше, топката удри во стативата, па во грбот на Шчешни за предност од 1:0, резултат со кој се замина на одмор.

На самиот старт на вториот дел Полска израмни со голот на Линети и потоа имаше инцијатива, па се чинеше дека ќе дојде до целосен пресврт.

Меѓутоа, во 62-та минута Криховјак поради втор жолт картон го напушти теренот и ја остави Полска со играч помалку.

Тоа го искористи Словачка и со голот на Скриниар дојде до голема победа на стартот од ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Халанд ја водеше Норвешка до победа над Ирак (Видео)

Фудбалерите на Норвешка забележаа значајна победа на стадионот Жилет во Фоксборо, откако в…