ЛА Лејкерси против Сакраменто дојдоа до победа без Леброн Џејмс кој не можеше да настапи затоа што доби позитивен тест на коронавирус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според овосезонските правила во НБА вакцинираните играчи влегуваат во ковид-протоколот во случај на позитивен тест, а невакцинираните ако биле во контакт со заразени. Лејкерси официјално не објавија зошто Џејмс е под протоколот, но ако е вакциниран ситуацијата е јасна.




Џејмс надвор од тимот ќе биде 10 дена помеѓу позитивнјиот тест и барем два негативни, направени во период од 24 часа. Лејкерси обезбедија сигурен превоз за својата ѕвезда назад во Лос Анџелес. Ентони Дејвис пренесе дека Леброн му кажал дека е без симптоми.




Сезонава Леброн веќе пропушти 11 натпревари поради повреда и супсензијата поради инцидентот во Детроит. Лејкерси се мачат и со него и без него. Со скор од 12-11 го држат осмото место на Западот.