Дома Фудбал Италија Леао потврди дека е блиску до договор со Милан

Леао потврди дека е блиску до договор со Милан

Милан се обидува по секоја цена да го задржи својот најдобар фудбалер, Рафаел Леао и веќе подолго време преговара за продолжување на соработката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Леао минатата сезона буквално „експлодира“ беше избран за најдобар играч во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Младиот Португалец игра добро и на Мундијалот, па медиумите тврдат дека неколку клубови се спремни да понудат и до 100 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, Милан сака да го задржи, а и самиот Леао потврди дека е блиску до потпишување на нов договор.

„Пред Мундијалот имавме многу позитивна средба со Малдини. Мислам дека кога ќе се вратам во Италија ќе постигнеме конечен договор“, изјави Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…