Дома Фудбал Лајпциг славеше убедливо, Елмас повторно остана на клупата

Лајпциг славеше убедливо, Елмас повторно остана на клупата

Екипата на Лајпциг вечерва ја оствари третата победа по ред во Бундеслигата, откако славеше победа со 5:1 против Келн.

Натпреварот го отвори Симонс кој  стрелаше за 1-0 во 15. минута, а само 180 секунди подоцна Адамјан погоди за 1-1.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Биковите“ постигнаа уште четири гола во вториот дел, и тоа два преку Опенда, а по еден постигнаа Поулсен и Хаидара.

Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата на Лајпциг.

Со оваа победа Лајпциг е на четвртото место во германското првенство со 49 бодови по 26 одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…