Дома Трансфер зона Лацио јавно ја соопшти цената на Милинковиќ – Савиќ

Лацио јавно ја соопшти цената на Милинковиќ – Савиќ

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре ги коментираше најактуелните теми околу тимот, и неизбежно беше да проговори за иднината наСергеј Милинковиќ-Савиќ.

Таре откри дека Стефан Де Вриј најверојатно ќе се пресели во Интер како слободен агент и јавно ја посочи цената на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не можам да кажам колку точно чини Милинковиќ Савиќ. Имавме понуди помеѓу 80 и 90 милиони евра кои веднаш ги одбивме. Неговата цена сигурно е поголема од 100 милиони евра, би рекол помеѓу 120 и 150 милиони. Има голем интерес за него, но никогаш не сме имале конаткт со Реал Мадрид“, изјави Таре, кој потоа го пофали Лукас Леива.

„Пред да го привлечеме Лукас зборувавме неколку пати. Тој имаше желба да замине од Ливерпул и виде дека Лацио е одлична можност за него. Тоа е една од моите најдобри зделки во клубот“, истакна Таре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…