Дома Фудбал Италија Лацио подобар од Рома за финале на Купот на Италија

Лацио подобар од Рома за финале на Купот на Италија

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од градскиот ривал Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио по победата во првиот меч од 2:0, во реваншот загуби со 3:2 и со вкупен резултат 4:3 се пласира во финалето каде го чека подобриот од полуфиналниот двобој помеѓу Наполи и Јувентус.

Лацио два пати водеше против Рома, најпрвион со голот на Милинковиќ-Савиќ во 37.минута, 0:1, а потоа и со погодокот на Имобиле во 55.минута, 1:2.

Првото водство на Лацио го поништи Ел Шарави, а второто Салах. Египѓанецот во последната минута погоди за 3:2, но недоволно за финале.

Наполи и Јувентус реваншот ќе го одиграат во среда, а по првиот натпревар „старата дама“ има предност од 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aргентинците се налутија: Подготвуваат тужба!

Фудбалската федерација на Аргентина има намера да започне правни чекори поради разни обвин…