Дома Фудбал Италија Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио и Интер одиграа возбудлив натпревар на „Олпимпико“, домаќините со пресврт дојдоа до трите бода.

Интер подобро го отвори натпреварот и во 12-та минута стигна до предност. Барела беше фаулиран во казнетиот простор, а Перишиќ беше сигурен од белата точка.

Гостите го контролираа мечот до крајот на полувремето, но Лацио се закануваше во неколку наврати.

Во 64-та минута Лацио дојде до израмнување преку Имобиле, откако судијата покажа на белата точка после играта со рака на Бастони.

Филипе Андерсон погоди за целосен пресврт во 81-та минута, па настана мешаница бидејќи фудбалерите на Лацио не ја исфрлија топката додека на тревата лежеше Ди Марко.

Конечните 3:1 беа дело на Сергеј Милинковиќ Савиќ во 90-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаосот во Франција продолжува, Дембеле повторно го нападна Мбапе без да му го спомне името

Усман Дембеле продолжува да комуницира индиректно со капитенот на својата репрезентација, …