Дома Трансфер зона Лацио добива бесплатно засилување од Интер

Лацио добива бесплатно засилување од Интер

Во наредниот период се очекува неколку играчи да го напуштат Интер, а еден од нив е и Матија Весино на кого му заврши договорот со „нероаѕурите“.

Според последните информации од Италија Весино се договорил за соработка со Лацио со кој ќе потпише договор на три години. Во Рим Уругваецот ќе заработува по два милиони евра годишно, плус евентуални бонуси.

Во Лацио тој пристигнува на барање на тренерот на Маурицио Сари кој добро го познава. Очекувањата на Сари е одлично да се вклопи во неговиот пресинг, двајцата соработуваа во Емполи.

За Интер минатата сезона Весино одигра 25 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лидс го „краде“ Пулишиќ пред носот на Јувентус

Кристиан Пулишиќ би можел кариерата да ја продолжи во Лидс, пренесуваат медиумите на Остро…