Дома Фудбал Лапорта се огласи за скандалот: Ова не е случајно

Лапорта се огласи за скандалот: Ова не е случајно

Весникот „АС“ објави дека Барселона во период од две години од 2016 до 2018 година му платила 1.4 милиони евра на поранешниот шпански судија Хозе Марија Енрикез Негреира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скандалот изби во момент кога Барселона има 11 бодови пред Реал Мадрид на врвот на табелата и е на добар пат да ја освои првата титула по 2019 година.

 Доколку биде докажано делото, на Барселона и се заканува одземање бодови, а во најлош случај и исфрлање од Ла Лига, пишуваат шпанските медиуми.

„Не негирам дека Барселона користела и платила за советодавни услуги поврзани со судењето, што е пракса во сите големи клубови. Ние веќе не го правиме тоа бидејќи сега имаме такви советници во клубот. Мора да знаете дека оваа приказна не излезе случајно во моментов кога ни оди многу добро. Не е случајно“, изјави претседателот Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш во шокантен трансфер потпишува за друг гигант?

Навивачите на Манчестер Јунајтед се во паника бидејќи најдобриот играч на клубот може да з…