Дома Фудбал Лапорта: ПСЖ и Челзи му нудеа повеќе пари на Левандовски

Лапорта: ПСЖ и Челзи му нудеа повеќе пари на Левандовски

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не го криеше задоволството од комплетирањето на трансферот на Роберт Левандовски.

Барселона за услугите на Левандовски плати 45 милиони евра, додека останатите пет милиони ќе ги исплатат преку различни бонуси.

Лапорта откри дека Полјакот имал и подобри понуди, но тој ја избрал Барселона.

„Мора да бидеме благодарни за неговиот избор, со оглед на тоа дека ја прифати нашата понуда, иако Челзи и ПСЖ му нудеа повеќе пари“, откри Лапорта.

„Во исто време го принуди Баерн да го пушти во Барселона. Левандовски е како митралез за голови. Добивме врвен голгетер“, додаде Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…