Дома Фудбал Лапорта за Халанд: Ќе бидам искрен, провизијата е астрономска

Лапорта за Халанд: Ќе бидам искрен, провизијата е астрономска

Барселона е еден од кандидатите за потписот на Ерлинг Халанд, но дали навистина клубот е спремен да ја победи конкуренцијата?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Халанд на лето ќе може да ја напушти Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, но јавна тајна е дека неговиот агент Мино Раиола и таткото на Норвежанецот барата голема провизија.

Претседателот на Барселона зборуваше на оваа тема и откри колкава провизија треба да плати клубот кој го сака неговиот потпис.

„Кога станува збор за Халанд сигурно нема да зборувам нешто што не е вистина. Ако треба да се плати голема провизија, тогаш тоа ќе го кажам и нема да го кријам. Клузулата изнесува 75 милиони, но целиот трансфер е 120 милиони. Ако сакаме да го доведеме и треба да платиме 40 милиони евра провизија, тогаш тоа ќе го кажам јавно“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Воодушеви на СП 2026, а Реал Мадрид веќе му „фрли око“

Како и обично, големото фудбалско натпреварување изнедрува играч кој бил во сенка за кого …