Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Челзи, Френк Лампард смета дека Реал Мадрид не е толку силен како претходните години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако „кралевите“ повторно се пласираа во финалето од Лигата на шампионите Лампард тврди дека на патот до завршницата имале многу среќа.
„Не се толку добри како во претходните години. Имаа фантастични индивидуалци и многу се потпираат на нив. Исто така, имаат и многу среќа“, изјави Лампард во една емисија посветена на Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Реал Мадрид зад себе има лоша сезона во Примера, не го освои ниту шпанскиот Куп и Лигата на шампионите каде што ќе играат во финалето им е единствен шанса за трофеј.