Менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампрд после елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Лига купот истакна дека неговите играчи покажале голема храброст.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Френк Лампард во вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ја забележа најголемата победа во неговата кариера.
Дерби Каунти се радуваше против „ѓаволите“ после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2.
„Не би имал замерки кон моите фудбалери и да изгубивме во пенал серијата. Игравме без страв, покажавме дека не дојдовме тука да се браниме. Губевме 1:0 после три минути, што е лошо бидејќи може да влијае на самодовербатан а фудбалерите, но кај моите фудбалери тоа не беше случај“.
„Ја одзимавме длабоко на противничката половина, нашите одбранбени играчи стоеа високо, а кога ја имавме топката се обидувавме да создаваме шанси. Имавме самодоверба, имавме мад**а да играме на тој начин“, изјави Лампард.