Дома Фудбал Лампард: На Вернер му е потребно време, но…

Лампард: На Вернер му е потребно време, но…

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард повика на повеќе трпение за напаѓачот Тимо Вернер.

Вернер минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување, а сега е веќе мета на критики, но Лампард смета дека му е потребно време.

„Колку повеќе што работи со соиграчите, толку повеќе се навикнува на Премиер лигата. Тимо има потреба од време за да се вклопи во тимот и лигата. Треба да имате трпение, но бидете сигурни дека ќе извлечеме максимум од неговиот талент“, изјави Лампард.

„Знам какви се правилата кои важат во фудбалот. Минатата сезона имавме време да се подготвиме добро за сезоната, оваа година не беше тоа случај. Имавме само две недели одмор и веднаш почнавме со нови подготовки кои траеа кратко. На новите играчи им е потребно време“, додаде Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо го избра Гарсија: Поранешниот играч на Барселона доаѓа да ја запре кризата

Оскар Гарсија ја презема загрепската екипа со пет сениорски трофеи зад себе и задача да го…