Искусниот напаѓач Оливие Жиру е во втор план на тренерот Лампард, барем на почетокот од новата сезона. Абрахам со одличните игри на последните натпревари го осигура местото во стартниот состав. Нешто што Французинот не го очекуваше.
Беше еден од стрелците во убедливата победа од 4:1 против Албаија во вчерашниот натпревар од квалификациите за ЕУРО.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не очекував дека ќе бидам на клупата, погодоците се во мојата глава. Се уште сум гладен за успех, не сакам да бидам избор број два во Челси. Со тоа што во тимот претставувам постар брат на младите играчи не значи дека сум материјал за клупа. “ – изјави Жиру за француски Ле Фигаро.
32-годишниот напаѓач е година ипол во Челси, а договорот му завршува на крајот од оваа сезона. Останува да видиме дали и пред тоа Жиру ќе побара нов клуб.