Тренерот на Челзи, Франк Лампард сака клубот на лето да го продаде голманот Кепа Аризабалага, кој на „Стенфорд Бриџ“ пристигна во рекорден трансфер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медуми пренесуваат дека Лампард го загубил трпението со Кепа, па поради тоа во последно време прв чувар е ветеранот Вили Кабаљеро. Притоа, менаџерот дал инструкции до раководството веднаш да биде продаден шпанскиот голман.
Челзи за Кепа плати огромни 72 милиони фунти и со неговата моментална форма е далеку од тоа да ги оправда вложените средства.
Бесот на навивачите Кепа го навлече и минатата сезона кога против Манчестер Сити одби да излезе од игра, иако Маурицио Сари веќе го подготови Кабаљеро да влезе во игра.
„Сините“ веќе бараат замена за Кепа, а прв избор е голманот на Атлетико, Јан Облак, кој има откупна клаузула од 100 милиони евра.