Дома Фудбал Италија Лаксалт: Бев блиску до трансфер во Зенит, но Милан не се одбива!

Лаксалт: Бев блиску до трансфер во Зенит, но Милан не се одбива!

Новото засилување на Милан, Диего Лаксалт беше претставен на официјална прес-конференција денес, заедно со другите две нови засилувања, Бакајоко и Кастиљехо.

Поранешниот фудбалер на Џенова призна дека бил блиску до трансфер во Зенит, но кога добил повик од Милан веднаш кажал ДА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Вистински сон е да преминам во еден од најголемите клубови во светот. Ова беше посебна недела за мене. Дали сум подготвен? Се обидувам да станам подобар секој ден. Се чувствувам подготвен за овој нов предизвик. Од ден на ден морам да се докажам во тимот“, истакна Лаксалт.

„Вистина е дека бев блиску до трансфер во Зенит, но кога се јави Милан се се промени. Едноставно ова е клуб на кој не можете да му кажете не. За мојата улога на теренот ќе мисли Џенаро Гатузо. Јас сум секогаш достапен и ќе се обидам да дадам се од себе каде и да ме постават“, изјави Уругваецот кој може да игра како лев бек и како лево крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…