Ракометната репрезентација на Македонија вчера претрпе убедлив пораз од Фарски Острови (34:27) во првиот натпревар од баражот за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таа разлика Македонија треба да ја надополни за да игра на следното Светско првенство, реваншот се игра в недела во Скопје.
„Фарски Острови беа подобар противник и заслужено победија. Ни правеа многу проблеми, бевме приморани да играме „седум на шест“ многу време, а не сакавме така. Нивниот напад, технички беше скоро перфектен, иао бевме спремни.
Не губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да се обидеме да ја анулираме негативата од седум гола. Ќе ни треба и голема поддршка од публиката, како никогаш досега“, изјави Лазаров.
Реваншот помеѓу Македонија и Фарски Острови се игра в недела од 20:00 часот.