Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров после победата над Грција: Делумно сум задоволен

Лазаров после победата над Грција: Делумно сум задоволен

Македонија славеше против Грција со 33-30 во првиот пријателски натпревар во салата „Борис Трајковски“.

Селекторот Кире Лазаров по мечот изјави дека е делумно задоволен од победата против јужниот сосед во пресрет на Европското првенство.

„Делумно сум задоволен со победата. Кога се игра пред ваква публика, секогаш имате голема поддршка, но и притисокот се зголемува. Немате право на грешка и мора да победите. Утре ќе играме уште еден натпревар против Грција. На Европското првенство сме во тешка група, нè очекува многу работа, но ќе дадеме сè од себе“, кажа Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Паркот Ново Лисиче ќе ги собере младите атлетичари на трет пионерски крос

АК Аеродром в недела го организира третото издание на меѓународниот пионерски крос. Трките…