Дома Фудбал Ладен туш за Златан: На ​​Ибрахимовиќ му е забранет влез во соблекувалната на Милан

Ладен туш за Златан: На ​​Ибрахимовиќ му е забранет влез во соблекувалната на Милан

Едно од најголемите имиња во историјата на Милан доби неочекувана забрана, иако е дел од клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Златан Ибрахимовиќ одлучи да го продолжи фудбалскиот живот и по играчката кариера.

Ибра стана советник на сопственикот и управата, поточно човекот кој треба да биде врската меѓу тренерот Пиоли, спортскиот директор и амбициите на клубот.

Сепак, тоа не значи дека тој ќе има целосен пристап до се, иако е член на стручниот штаб.

Имено, Ибрахимовиќ речиси секогаш може да биде со тимот освен на официјалните натпревари кога е најважно.

„Ла Република“ напиша дека на Златан му е забрането да влегува во соблекувалната за време на официјалните натпревари, па во тие моменти ќе мора да остане на трибините.

Причината не е одлуката на клубот, туку правилата на Серија А, според кои само одредени луѓе можат да влезат во соблекувалната.

Тука не се вклучени советниците, па Ибрахимовиќ би морал да стане дел од организациониот дел на Росонерите доколку сака да ја добие таа привилегија. Тешко е да се замисли дека сето тоа нема наскоро да се реши во корист на Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Светското првенство уште не започнало, а француската репрезентација веќе е под лупа поради…