Дома Фудбал Италија Кјаер објави дека го напушта Милан

Кјаер објави дека го напушта Милан

Симон Кјаер денес и официјално потвди дека ќе го напушти Милан по истекот на сезоната.

Договорот на Кјаер истекува во јуни, а двете страни одлучиле да не ја продолжат соработката, па дефанзивецот во недела ќе го одигра последниот меч за „росонерите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кјаер е цели четири години член на Милан и беше важна алка во тимот кој пред две години ја освои шампионската титула.

„Мојот сон беше да заиграм за Милан и ми се оствари. Мислам дека сега е идеален момент да заминам, но Милан секогаш ќе го носам во срцето“, изјави Кјаер, кој потврди дека ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид објави детали за ситуацијата на Мбапе, повредата не е наивна!

Реал Мадрид денеска објави официјален медицински извештај за францускиот напаѓач Килијан М…