Дома Топ вести Кутињо го игнорира Нејмар, трансферот е се поблиску, Ди Марија е жртва на одмаздата

Кутињо го игнорира Нејмар, трансферот е се поблиску, Ди Марија е жртва на одмаздата

0

Работите се јасни по новите информации, изгледа дека на сите им е јасно дека трансфер сагата е решена, а изгледа дека Ди Марија ќе биде единствениот што ќе остане со празни раце.

Повторно се активира приказната за Кутињо, Барселона ја зголемила понудата, со бонсуи, таа стигна до 120 милиони. Зборуваме за јануари, иако Валверде бара стопер, клубот со сите сили сака да го доведе Бразилецот, наводно зад целата приказна стои барањето на Меси кој никој не смее да го игнорира.

Кутињо ги пропушти претходните натпревари за Ливерпул, но си замина на репрезентативната акција, па сега навивачите се побиваат, а многумина и веруваат дека Бразилецот станува товар за клубот. Директорот на одборот му рекол на Клоп да размисли, дека можеби најдоброто решение е да си замине, но и дека Ливерпул ќе бара 150 милиони за овој фудбалер. Никој не може да го оневозможи трансферот, ниту Нејмар, ниту ПСЖ, бидејќи Кутињо самиот кажа дека не сака во ПСЖ и дека само Барса е опција.

Сепак, не е јасно зошто ПСЖ кој мора да продаде играчи за 80 милиони би го платил Кутињо, но каталонските медиуми тврдат дека работите се повеќе од јасни, полека, но сигурно, сите сваќаат дека Кутињо ќе игра за Барселона и дека клубот инсистира тоа да биде уште во јануари, иако не може да настапи во ЛШ.

Барса има и опција Ди Марија, но во клубот се одлучни поради Нејмар и начинот на кој си замина, да не го купат Аргентинецот оваа зима, дури ни за помала сума, бидејќи не сакаат да им помогнат на Парижаните да ги избегнат санкциите за прекршување на финансискиот фер плеј.

Имено, сега ПСЖ би го продал Аргентинецот кој сака во Барселона и за 40 милиони евра, но Каталонците не сакаат да попуштат. На прадажба се и Дракслер и Моура, но како што рековме, 80 милиони е сума која ПСЖ мора да ја добие од продажба во јануари, за да не ризикува исклучување од ЛШ.

Може слободно да кажеме дека Ди Марија ќе биде жртва на одмаздата, односно спор меѓу двата клуба и дека тој освен заминување во Кина, во овој момент нема друга опција.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за преубавата тенисерка – На Марија Шарапова и се заканува затворска казна!

На познатата убава тенисерка Марија Шарапова и се заканува казна затвор и тоа во Индија. Т…