Дома Фудбал Останато Куртоа синоќа прими и четврти гол, и тоа од Навас (фото)

Куртоа синоќа прими и четврти гол, и тоа од Навас (фото)

ПСЖ синоќа го декласираа Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ со 3-0 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Најмногу критики доби голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, кој брани катастрофално во последно време. Токму тој беше причината Кејлор Навас да си замине од Мадрид и да се пресели во ПСЖ.

Навас не беше задоволен од фактот да му биде резерва на Куртоа, но и од одлуката Реал да му даде статус на втор голман.

Вчера Навас конечно ги дочека своите „пет минути“, па после мечот му намигна на Куртоа, потег кој медиумите го протолкуваа како провокација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…