Дома Фудбал Лига на шампиони Куртоа: Примивме гол откако глупаво ја изгубивме топката

Куртоа: Примивме гол откако глупаво ја изгубивме топката

Tибо Куртоа вчера беше блиску да биде херој на Реал Мадрид, бранеше одлично, го запре Меси од белата точка, но на крајот Мбапе го совлада во последните моменти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Куртоа во изјавата после натпреварот беше реален и истакна дека не играле добро, откри и дека ги анализирал пеналите на Меси.

„Ги проучував пеналите на Меси и пред овој натпревар, се обидов да играм со него на линијата додека се подготвуваше. За да одбраните пенал на еден таков играч потребна ви е и среќа“.

„Голот го примивме откако глупаво ја загубивме топката, потоа Мбапе заобиколи двајца наши играчи и ја погоди мрежата. Тешко е да се прифати, но мора да се признае дека не игравме добро. Планот за следниот натпреар останува ист – мора да победиме за да продолжиме понатаму“, изјави Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тухел во жестока дискусија со Пикфорд. “Прави како што ти реков”

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се најде во интензивна дебата со Џор…