Eден Азар вчера дебитираше за Реал Мадрид во победата над Леванте од 3:2.
Азар влезе од клупата за резерви во второто полувреме, а на голот бранеше неговиот сонародник Тибо Куртоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот голман на Челзи призна после натпреварот дека во една ситуација бил лут на Азар.
„Во првата ситуација можеше да постигне гол. Многу е смирен кога ја има топката во нозете и тоа е добро за тимот, но ме налути кога се обиде да додава со пета и ја изгуби топката. Прави разлика во нападот, меѓутоа сите добро знаеме дека такви потези во одбраната можат многу лесно да бидат казнети“, изјави Куртоа.
Потоа белгискиот голман порача дека во Леванте треба да бидат среќни што не изгубиле со пет или шест голови разлика.
„Со сета почит кон Леванте ако ние продолжевме да играме во ист ритам и во второто полувреме лесно ќе победевме со пет-шест гола разлика. Првото полувреме беше најдоброто оваа сезона, потоа малку паднавме. На крајот најважно е што освоивме три бода“, заврши голманот на Реал и репрезентацијата на Белгија.
Ќе потсетиме, дебито на Азар беше одложено затоа што на стартот од сезоната заработи повреда, сега таа е зад него и останува да видиме дали ќе ја оправда сумата која „кралевите“ ја вложија во него.